Странските директни инвестиции, во земјава повторно почнаа да растат. Откако во јуни годинава тие отидоа во минус од 0,7 милиони евра, во јули скокнаа на 27,3 милиони евра. Од почетокот на годинава до крајот на јули во земјава влегле вкупно 99,2 милиони евра странски инвестиции, што е за десетина милиони евра повеќе од регистрираните инвестиции во истиот период минатата година, кога тие изнесувале 98,1 милиони евра. Во исто време, се зголемил и делот од инвестициите кој отпаѓа на свеж, односно акционерски капитал и реинвестираната добивка. Додека тие во јуни изнесувале вкупно 5,1 милиони евра, во јули биле 18 милиони евра. Вкупната реинвестирана добивка, пак, од почетокот на годинава, па заклучно со седми месец изнесува 77,6 милиони евра. Но, тоа е значително помалку во споредба со реинвестираната добивка во истиот период минатата година кога таа изнесувала 203 милиони евра.
Странските директни инвестиции, во земјава повторно почнаа да растат. Откако во јуни годинава тие отидоа во минус од 0,7 милиони евра, во јули скокнаа на 27,3 милиони евра, објави вчера Народна банка на Македонија.
Од почетокот на годинава до крајот на јули во земјава влегле вкупно 99,2 милиони евра странски инвестиции, што е за десетина милиони евра повеќе од регистрираните инвестиции во истиот период минатата година, кога тие изнесувале 98,1 милиони евра.
Во исто време, се зголемил и делот од инвестициите кој отпаѓа на свеж, односно акционерски капитал и реинвестираната добивка. Додека тие во јуни изнесувале вкупно 5,1 милиони евра, во јули биле 18 милиони евра. Вкупната реинвестирана добивка, пак, од почетокот на годинава, па заклучно со седми месец изнесува 77,6 милиони евра. Но, тоа е значително помалку во споредба со реинвестираната добивка во истиот период минатата година кога таа изнесувала 203 милиони евра.
Извесно е да се очекува дека вредноста на странските инвестиции до крајот на годинава ќе порасне и ќе ја надмине бројката од 336,8 милиони евра реализирана во 2011 година, ако се има предвид дека во изминатите неколку месеци стартуваа неколку инвестиции, а Владата најавува дека наскоро ќе дојдат уште. Така, ако до лани Владата можеше да се пофали само со два значајни инвеститора, „Џонсон контролс“ и „Џонсон Мети“ во зоната „Бунарџик“, состојбата е сега многу изменета. „Џонсон контролс“ веќе ја изгради втората фабрика во Штип, која есенва почнува со производство. Инвестицијата е вредна 20 милиони долари, а со неа ќе се вработат околу 1.400 лица. И „Џонсон Мети“ пролетва ја отвори во „Бунарџик“ втората фабрика, која исто така ќе почне со производство оваа есен.
Оваа инвестиција е изнесува 60 милиони евра и ќе понуди работа за 100 лица. Владата во август го потпиша договорот за најголемата германска гринфилд-инвестиција на „Лиза дрекслмајер гмбх“, која почна да гради фабрика во зоната во Кавадарци. Станува збор за инвестиција од 35 милиони евра со која треба да се вработат 4.000 лица за кои веќе е почната обуката. Летово се најави и стартот на инвестицијата на германската „Кромберг и Шуберт“ во Битола, вредна 20 милиони евра, со која треба да се вработат 2.500 лица. Почетокот на производство се планира до крајот на годинава. Во „Бунарџик“ летово почна со пробно производство американската „Кемет електроникс“, а наскоро треба да почнат со работа и руската „Протек груп“, инвестиција од 5 милиони евра, која ќе вработи 130 лица. Италијанската „Технохозе“, исто така, летово го почна своето редовно производство. Оваа инвестиција изнесува 10 милиони евра и понуди 150 вработувања.
Во „Бунарџик“ веќе се градат двете фабрики на индиската „Мадерсон груп“, која оваа есен треба да почне со производство. Таа чини 12 милиони евра и треба да се вработат 140 лица.
Како што неодамна најави вицепремиерот Владимир Пешевски, до крајот на годинава и почетокот на идната треба да се реализираат околу 200 милиони нови странски инвестиции и да се отворат 9.000 работни места.